Телефон

+389 76 260 908

Е-маил адреса

contact@juniormed.mk

За нас

За Нас

За нашата ординација

Основана во 2023 година со мисија да бидеме безбедно место за вашите најмили. Во Junior Med веруваме дека најдобрата педијатрија е спој на врвна наука, долгогодишно искуство и искрен, топол пристап кон секое дете.

  • Стручен тим со долгогодишно искуство.

  • Индивидуален пристап кон секој пациент.

  • Современа дијагностика и следење.

  • Поддршка за родителите 24/7.

Ординацијата е основана од д-р Драгана Емел Маркоска, специјалист педијатар, и медицинската сестра Јасна Апостолски Николов, со заедничка мисија – грижа за најмалите уште од првиот ден по раѓањето и поддршка на семејствата во сите фази од детскиот развој.

Во нашата ординација работиме организирано и посветено, во два посебни сегменти:

🔸Советувалиште и следење на здрави деца – редовно следење на растот и психомоторниот развој, превентивни прегледи, советување и поддршка за родителите.
🔸Амбуланта за болни деца – навремена дијагностика, стручен третман и внимателен пристап кон секоја здравствена состојба.

Тимот е проширен со д-р Благородна Илиев, лекар пред завршување на специјализација по педијатрија, како и медицинската сестра Ирена Стојковиќ Маневска – професионалци кои ја делат истата вредност: грижата секогаш да биде и човечка и стручна.

Веруваме дека најдобрата педијатрија е онаа што ги спојува науката, искуството и топлиот пристап. Затоа секое дете кај нас е пречекано со внимание, а секој родител со доверба.

Пациенти

Години искуство

Професионалци

Години доверба

ЧПП

Често поставувани прашања

Која е разликата помеѓу советувалиштето и амбулантата за болни деца?

Со цел максимална заштита на здравјето, нашите услуги се организирани во два посебни сегменти. Советувалиштето е наменето за редовно следење на растот, развојот и превентивни прегледи на здрави деца, додека амбулантата е наменета за навремена дијагностика и третман на болни деца.

Дали тимот на Јуниор Мед нуди поддршка за доење?

Да, во нашиот тим е вклучена Јасна Апостолски-Николов, која е меѓународен сертифициран консултант за доење (IBCLC). Таа е тука да им пружи стручна помош и поддршка на мајките во овој важен процес, уште од првиот ден по раѓањето на бебето.

Како можам да закажам термин за преглед?

Термин за преглед или консултација можете да закажете директно преку контакт информациите достапни на нашата веб-страница. Нашиот тим е секогаш тука да одговори на вашите потреби за грижа и советување.

Кои доктори се достапни за прегледи во ординацијата?

Во Јуниор Мед се грижиме за вашите деца преку нашиот стручен тим составен од д-р Драгана Емел Маркоска, специјалист педијатар, и д-р Благородна Илиев, лекар пред завршување на специјализација по педијатрија.